Поради срцеви проблеми Рама хоспитализиран во Берлин
Албанија- Албанскиот премиер Еди Рама итно е префрлен во болница во Берлин поради проблеми со срцето, објавија албанските и косовските медиуми.
– По прединфарктот што Еди Рама го преживеа во Тирана, за што и беше хоспитализиран, подоцна отпатува за Берлин со чартер лет. Дека здравствената состојба на Рама не е добра се забележа и во Берат кога тој не можеше да ги среди речениците, наведува порталот syri.net.
Според истиот извор, неговата состојба се влошила, а неколку часа подоцна тој бил итно хоспитализиран во Тирана, бидејќи имал прединфарктна состојба.
– Од понеделникот тој е хоспитализиран во Берлин. Причина за неговиот престој во Германија е неговата здравстена состојба, а не од друг причини, наведува порталот.
Веста ја пренесуваат и други албански и косовски медуми, но официјална потврда засега нема.