МВР: Со кривична пријава до ОЈО предаден П.В. поради насилство
Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје денеска со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде лицето П.В. (37), поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство“ предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик на Република Македонија.
МВР соопшти дека на 25 март околу 16:20 часот пријавениот П.В. на плоштад „Македонија“ во Скопје физички го нападнал Г.М. (пратеник во Собрание на Република Македонија). По пријавувањето на настанот, преземени се соодветни мерки и активности за негово расчистување.
– За таа цел објавивме и фотографија од напаѓачот и побаравме помош од граѓаните при неговата идентификација. Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал пријавениот е лишен од слобода, посочуваат од МВР.