Машките ѕвезди ќе доминираат на музичкиот Оскар: Раперот Џеј Зи со 8 номинации


Албумот на Џеј Зи за љубовта, животот и социјалните случувања преовлада на Греми номинациите завчера со вкупно 8 номинации на листата, на која поп-ѕвездите беа споредни на некои од поважните номинации, а Кети Пери беше и комплетно исклучена од наградите.

Албумот на Џеј Зи именуван “4: 44“ е номиниран за албум на годината, една главните три Греми награди. Првиот сингл од албумот и песната“Приказната за Оџеј“ (The Story of O.J.), се номинирани за песна на годината.

„4:44“ ќе се натпреварува за албум на годината против албумот на ар-ен-би ѕвездата Бруно Марс „24к Магија“ (24K Magic), албумот „Melodrama“ (Мелодрама) поп-ѕвездата од Нов Зеланд Лорди, хип-хоп артистите Чајлдиш Гамбино со „Разбуди се, љубов моја!“(Awaken, My Love!) и албумот „Проклетство“ (Damn) на Кендрик Ламар.

Ламар доби вкупно 7 номинации, Марс шест, вклучувајќи ги и трите главни категории, и Чајлдиш Гамбино, алтер-егото на актерот Доналд Гловер, кој доби 5 номинации.

60. Греми награди, музички еквивалент на филмскиот Оскар, посветени на годинешните музички достигнувања во преку 80 категории, се закажани за 28 јануари во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден.

Музиката која е издадена во периодот меѓу октомври 2016 и септември 2017 се квалификува за 60. Греми награди и за неа ќе гласаат членови на Рекординг академијата, која е составена од професионалци од музичката индустрија.

Дебитантската ар-ен-би пејачка СЗА е најноминираниот женски изведувач со пет номинации на овие награди, вклучувајќи и за најдобар нов изведувач, за која ќе се натпреварува со Џулија Мајклс, Алесија Кара, Калид и Узи Верт.

Албумот на Тејлор Свифт „Репутација“ (Reputation) не може да се номинира во ниту една категорија бидејќи излезе во ноември, но таа сепак се закити со две номинации, една од нив за текстот на песната „Подобар маж“ (Better Man) на Литл Биг Таун.

Главниот пропуст на Греми наградите е канадскиот хип-хоп изведувач Дрејк, чиј албум доминираше онлајн, на топ-листите и на радиостаниците откако излезе во март.
Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан, чиј албум „Раздели“(Divide) се најде на врвот на топ-листите низ целиот свет, доби две номинации во поп категориите. Леди Гага и Кеша имаат по две номинации, секоја од нив во иста категорија со Ширан. Поп-ѕвездата Кети Пери, која сѐ уште нема добиено Греми награда, но доби ниедна номинација за албумот „Сведок“ (Witness).

Недостатокот на најголемите женски имиња е комплетна спротивност на наградите од 2017, кога Бијонсе однесе најмногу номинации, а британската ѕвезда Адел ги однесе главните награди. Ниедна од нив не издаде нов материјал годинава.