Малолетнички од Тетово запознале маж на интернет, ги повикал дома и ги силувал една по една
Два малолетнички биле силувани во Мала Речица, а случајот во полиција го пријавила мајката на едната малолетничка, информираа од МВР.
Според полицијата, синоќа во 01.30 часот во ПСОН-Тетово, малолетничка од Тетово во присуство на нејзината мајка во придружба на Дежурен јавен обвинител, психолог при Центарот за социјални работи на Тетово и адвокат, пријавила дека на 18.01.2018 година околу 15 часот заедно со нејзината другарка, исто така, малолетна разговарале со непознато машко лице преку програмата „Азар“. Притоа непознатото лицето ги повикало да одат кај него дома, по што истите со такси возило отишле на договореното место односно во наслебата Мала Речица каде се сретнале со лицето и се упатиле пеш до главниот пат за с.Речица.
Според полицискиот билтен, за кратко време стигнале во неговата куќа, влегле во една од собите на катот каде непознатото лице по кусо време ја соблекло едната малолетничка и имал одредени полови дејствија кон неа, спротивно на нејзината волја, а подоцна го повторил истото и со другата малолетничка. Околу 18,00 часот истиот ден ги однел на кафе во кафетерија во близина на неговата куќа, по што повторно се вратиле во неговата куќа од каде што, искористувајќи згодна прилика, двете малолетнички побегнале и од неговиот мобилен телефон повикале такси возило со кое заминале во своите домови.
Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на пријавеното лице и работи на целосно расчистување на случајот.