Македонски државјани пазарувале во Призрен со лажни евра


Полицијата во косовскиот град Призрен привела двајца македонски и еден српски државјанин кои пазарувале со фалсификувани евра.

– Уапсени се двајца македонски државјани, еден од албанска, а другиот од бошњачка националност и српски државјанин, од српска националност, под сомнение дека пазарувале во неколку дуќани во Призрен со банкноти од по 200 евра, за кои се верува дека се фалсификувани, пренесува електронското издание на весникот „Газета екпсрес“, повикувајќи се на полициски извори.

Осомничените биле уапсени од полициска патрола во Штиме, додека се движеле со возило „БМВ Х5“.

Како доказен материјал одземени се 7.467 евра, 120 македонски и 9.210 српски динари.

Со одлука на обвинител, осомничените, по дадените изјави, ќе бидат задржани 48 часа.