Македонија со две титули во Бејрут: Симона петти топ-модел на светот, Елена топ-модел на Европа


Македонија освои две титули на меѓународниот избор „World Next Top Model 2018“, кој се одржа викендов во Бејрут, Либан. Симона Станковска од Скопје ја освои лентата петта придружничка, а Елена Петреска од Прилеп е избрана за најдобар топ-модел во Европа. Прва на  „World Next Top Model 2018“ е избрана претставничката на Русија.

Две недели македонските убавици се подготвуваа на изборот во Бејрут на кој земаа учество 35 убавици од целиот свет. Поддршка на самото место им даваше и Мики Црнокрак од модното студио „Црнокрак“ кој ја поседува лиценцата за Македонија.

Симона и Елена како награда освоија договори за работа како модели.

Мис Медитеран 2015, Симона Станковска, минатиот месец е избрана на „Мис глобал Еуроазија старс 2018“ на интернационалниот избор на убавици во Истанбул, Турција. (Л.С.)