Магна и Лифт заедно ќе развиваат такси возила без возачи


Канадскиот гигант за производство на автоделови Магна денеска информираше дека ќе соработува со компанијата за такси превоз Лифт за производство на возила без возачи.

Канадската компанија најави дека ќе инвестира 200 милиони долари во развој на новата технологија. Договорот предвидува Магна да биде ексклузивен снабдувач на Лифт за уреди со кои возилата може да се направат автономни, односно да се отстрани потребата за возачи. Уредите предвидуваат камери, автомобилски радари и лајдар светлосни уреди со кои се утврдува растојаните меѓу возилата во движење. И додека Лифт ексклузивно ќе купува вакви уреди од Магна, Магна ќе може да им ги нуди уредите и на други автомбилски компании.