Лекари без граници: Над 1.000 загинати и 4.800 ранети за две недели во Гута
Медицинските установи, кои ги поддржува организацијата Лекари без граници, изминативе две недели примиле повеќе од 1.000 загинати и 4.800 ранети во сирискиот регион Источна Гута, која е под контрола на бунтовниците.
Во соопштениеѕо на Лекари без граници се наведува дека бројот на загинати и ранети, кој е пресметан врз основа на податоците за период од 18 февруари до 4 март, е „потценет“, бидејќи не вклучува податоци од сите медицински установи.
Податоците за бројот на загинати на организацијата последен пат се ажурирани во неделата.
Според Лекари без граници, во текот на офанзивата на владините сили врз Источна Гута биле гранатирани или бомбардирани 15 до 20-те институции со кои соработува организацијата.