Крај на уште една холивудска романса : Зејн Малик и Џиџи Хадид раскинаа по две години врска


САД– Поп-ѕвездата Зејн Малик (25) и топ-манекенката Џиџи Хадид (22) раскинаа по две години врска. Им пресуди раздвоеноста и премногу професионални обврски. Со емотивни соопштенија на социјалните мрежи ја потврдија веста за крајот на нивната врска.

„Соопштенијата за раскинување често изгледаат како да се ‘роботски’, бидејќи навистина не постои начин да се опише што две лица искусиле заедно во текот на неколку години… не само во врската, туку и во животот воопшто. Засекогаш ќе бидам благодарна за љубовта, времето и животните лекции кои ги делевме со Зејн. Не сакам ништо друго само најдоброто за него и ќе продолжам да го поддржувам како пријател за кого имам огромна почит и љубов“  стои во објавата на Хадид на Twitter.

„Џиџи и јас имавме неверојано значајна, грижлива и забавна врска и јас имам голема почит и обожавање кон неа. Таа има неверојатна душа. Благодарен им сум на сите наши фанови што ја почитуваа оваа наша одлука и нашата приватност во овој период. Посакуваме оваа вест прво од нас да стигнеше до вас. Ве сакаме сите“ – напиша Малик.

Познатиот модел и поранешниот член на One Direction започнаа да се состануваат во ноември 2015 година.