Коѕијас во Вашингтон ќе разговара за името со Помпео и Болтон


Темите поврзани со грчко- американските односи, прашањата од билатерален и регионален интерес, Турција, Кипар и преговорите за името на Македонија, се очекува да се најдат на агендата разговори на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас при неговата посета на Вашингтон на 21 и 22 мај, објави грчкиот информативен портал Реал.

Според информациите на порталот, Коѕијас ќе оствари средби со новиот американски државен секретар, Мајк Помпео, и со новиот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, а ќе разговара со сенатори, ќе говори во тинк танк организации и ќе има контакти и со грчко –американското лоби.

Порталот уште пишува дека ова ќе биде трета посета на Вашингтон на грчкиот министер, јави дописничката на МИА од Атина.