Кошта може да ги пропушти двата натпревари со Арсенал


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта ризикува да го пропушти полуфиналето против Арсенал од Лига Европа, откако му беше дијагностицирана повреда на тетивата на левата нога и ќе треба да одмора извесно време.
Шпанскиот напаѓач беше повреден синоќа во Лигата на Европа против Спортинг Лисабон. Атлетико го загуби натпреварот со 0:1, но продолжува со вкупен резултат од двата натпревари од 2:1.
– При враќањето во Мадрид, медицинскиот штаб на клубот направи тестови на напаѓачот, а во дијагнозата се наведува дека има повреда на тетивата на левата нога. Се уште не е јасно колку време тој ќе се опоравува, се вели во соопштението на клубот.
Атлетико гостува на Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа на 26-ти април, а на 3-ти мај е домаќин во реваншот.
Кошта, кој минатата година се врати во Атлетико, има 6 гола во 18 натпревари оваа сезона.