Костадинов разрешен од функцијата претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство


На денешната 62. седница Владата го разреши Мите Костадинов од функцијата претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство на Република Македонија.

Владата на денешната 62. седница го назначи Муамет Хоџа за втор портпарол.

Хоџа беше еден од портпаролите во поранешната Влада, а претходно работеше и во неколку медиуми на албански јазик. Тој во Владата доаѓа како кадар на ДУИ.

Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата по назначувањето му посака добредојде на својот нов колега.

– Покрај мене како портпарол во Владата на Република Македонија од денеска е и колегата Муамет Хоџа, напиша Бошњаковски на Твитер.