Косовските политички партии утре ќе разговараат за евентуални вонредни избори


Во Приштина утре ќе се одржат разговори меѓу партиите за моментната политичка ситуација и можноста за постигнување договор за одржување вонредни парламентарни избори.

Разговорите се иницирани од опозицискиот Демократски сојуз на Косово и на нив се повикани сите политички претставници на сите политички субјекти на власта и опозицијата.

Учество на разговорите потврдиле сите поитички партии од власта и опозицијата, освен владејачката Демократска партија на Косово.  Тие најавија дека утре ќе донесат одлука за учество на разговорите. Дел од тие разговори ќе биде и партијата на премиерот Рамуш Харадинај.