Косовската полиција пронајде 15 килограми експлозив во близина на Газиместан
Косовсковската полиција вечерва објави дека пронашла 15 килограми експлозив на патот Приштина-Митровица во селото Магзит, во близина на Газиместан.
Информацијата за порталот „Газета Експрес“ ја потврдиле полициски извори, наведувајќи дека наскоро ќе бидат објавени детали за случајот.
Станува збор за област северозападно од косовскиот главен град, населена со мнозинско српско население.
Претходно, портпаролот на Министерството за безбедносни сили на Косово (ФСК) Ибрахим Шаља соопшти дека едно лице од српска националност е уапсено на паркингот на тоа Министерство.
Пред тоа, порталот „Калѕо“ објави дека се уапсени две лица во возило со белградски регистерски регистерски таблици.
Шаља изјави дека сепак се работи за едно лице од српска националност и дека најверојатно заскитало на паркингот на Министерството.
Сепак, според него, поради моментните тензични односи меѓу Белград и Приштина, уапсеното лице е предадено на полицијата за натамошна процедура.
Медиумите во Косово и Србија двата случаи ги поврзуваат со утрешното гласање во косовското Собрание за законите со кои практично ќе се втемели војската на Косово.