Козметиката на Мадона ќе го освојува американскиот пазар


САД- Со темноцрвен кармин на усните, русокоси локни и во провокативна долна облека Мадона го најавува доаѓањето на својата козметика на американскиот пазар. Фотографиите покажуваат дека и на 59 години, поп-ѕвездата е во одлична форма.

Козметичката линија „МДНА Скин“ ја промовира пред три години, на јапонскиот пазар.