Козби обвинет за силување, го чека казна од 30 години
САД- Американскиот актер и комичар, 80-годишниот Бил Козби, е прогласен за виновен за сексуално злоставување по три точки од обвинението, од кои секоја поединечно носи затворска казна од 10 години.
Актерот бил под истрага за дрогирање и сексуален напад на поранешната кошаркарка Андреа Констанд во 2004 година.
Обвинет е за пенетрација без дозвола, пенетрација додека личноста била во несвест и пенетрација по давање на лекови. Иако секоја казна носи по 10 години затвор, се претпоставува дека Козби можеби ќе добие толку за сите заедно, со оглед на неговата возраст.
На поротата и биле потребни повеќе од 14 часа да донесе пресуда.
Андреа го обвинила актерот дека и дал лекови во својот дом во Филаделфија и потоа ја силувал. Актерот кој се прогласил со улогата во хумористичната серија “The Cosby Show”, се бранел со тоа дека во ниеден момент не се обидела да го сопре.
“Сакав да и биде пријатно и полесно да заспие по нашето страстно љубење”, изјавил Козби. Пред судијата потврдил дека и дал лекови, но се бранел со тоа дека таа му кажала дека е под стрес. Средбата ја опишал како непријатна, а тврди дека таа била сексуално задоволена и дека до секс не дошло додека спиела.
“Не сакаше да престанеме”, рекол Козби, додека Андреа тврдела дека на знаела што се случува бидејќи била под лекови, а подоцна се онесвестила.
„Ме силуваше додека бев без свест”, истакнала поранешната кошаркарка.
Покрај тоа, и поранешната соработничка на Козби, Кели Џонсон, сведочела против актерот и навела дека еднаш и понудил бела таблета, и дека се разбудила во кревет без облека, а тој ја терал да го “допира”.
Судијката дозволила да сведочат пет жртви. Меѓу нив била и Хајди Томас, која кажала дека и дал вино од кое не можела да се опорави четири дена во 1984. година. Поранешната манекенка Џенис Дикинсон навела дека Козби ја дрогирал и силувал во 1982 година во хотел, кога имала 27 години.
Бил Козби е тужен од страна на повеќе од 60 жени за сексуално злоставување. Ова му е второ судење, со оглед на тоа дека претходниот пат, во 2007 година, поротата не успеала да донесе одлука.