Клинтон: САД не заслужуваат претседател како Доналд Трамп
Хилари Клинтон изјави дека САД не заслужуваат претседател како Доналд Трамп и го нарече неговиот мандат „опасни времиња“.
Клинтон, која беше кандидат на демократите за претседател на САД во 2016 година, го изјави тоа на конференција во индискиот град Мумбај.
Таа рече дека претседателот републиканец има „голем афинитет кон диктаторите“.
Според неа, Трамп „навистина ги сака нивните авторитарни позиции и однесување“. Но, во случајот со рускиот претседател Владимир Путин и Русија, има нешто, како што рече Клинтон, „повеќе од тоа“.
Според неа, писмото испратено на 28 октомври 2016 година на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми до Конгресот, во врска со нејзиниот приватен имејл, ја чинело поддршка од белите гласачи.