Киелини: Ништо не е завршено, на реваншот со Атлетико мора да ја искористиме секоја шанса
Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини, ги сподели своите очекувања за реваншот во осминфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико, објави Фудбал Италија.
– Да веруваме во себе и да играме балансирано. Ништо не е завршено. Дали Атлетико нè изненади? Не, знаевме дека таков натпревар нè чекаше. На возвратниот меч ќе мораме максимално да ја искористиме секоја шанса, вели Киелини.
Тој побара и внимателност и максимална ангажираност од сите кои ќе добијат можност да играат.
– Ќе треба да сме внимателни во одбраната, бидејќи Атлетико добро ги користи своите шанси. Исто така, многу е важно секој играч да одигра максимално посветено, а не само Роналдо.
Реваншот е закажан за 12 март во Торино. Атлетико Мадрид има предност од 2:0 од првиот дуел.