Кејт Бланшет претседател на жирито на Канскиот фестивал
Австралија- Австралиската актерка Кејт Бланшет, добитничка на два Оскара, ќе претседава со жирито на 71. Меѓународен филмски фестивал во Кан, што се одржува од 8 до 19 мај, соопштија организаторите.
Бланшет е една од предводничките на борбата против сексуалното вознемирување. Таа заедно со актерките Натали Портман и Мерил Стрип ја формираа Фондацијата „Готово е“ (Time’Up) за помош на жртвите од сексуално злоставување.
Австралиската актерка е 12. жена која ќе претседава со жирито на Канскиот фестивал, четири години по новозеландската режисерка Џејм Кемпион.