Кај Облешево загина 59-годишен велосипедист


Велосипедист загина откако во него удрил автобус. Сообраќајката се случила денеска околу 16:20 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на селото Облешево. Како што информира МВР, автобус управуван од М. М. (1957) од Кочани удрил во велосипедист управуван од С. Т. (1959) од село Мојанци, Кочани. С.Т. бил примен во Општата болница Кочани, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил транспортиран за Скопје, но по пат починал. Според првичните информации, автобусот и велосипедистот се движеле во иста насока.

Извршен е увид на местото на несреќата од крим техника и од јавен обвинител од Кочани. По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото. Сообраќајот, кој поради несреќата се одвиваше наизменично, по една коловозна лента, сега е нормализира