Каролина Гочева со концерти во Охрид и во Битола


Поп-ѕвездата Каролина Гочева по три години, повторно ќе одржи два концерти летово, на нејзините омилени места. Вечерва,  „Авалон продукција“ закажаа концерт на Каролина и на бендот во нејзината Битола, на Хераклеа. Утревечер, настапуваат во Античкиот театар во Охрид. Поп-ѕвездата шоуто во својот роден град го најави со видео од последниот настап на Хераклеа од пред три години на кое го интерпретира хитот „Кој да ми запее“ во придружба на нејзината внука.

Каролина ќе ги пее хитовите од нејзиниот актуелен албум „Извор“, чии песни премиерно ги изведе на седумте концерти во МОБ во Скопје, во февруари и во март, но и песните од проектот „Македонско девојче“.  По Скопје, турнеата на Каролина и на бендот продолжи во повеќе домашни градови.