Капело најави крај на кариерата


Познатиот италијански фудбалски стручњак Фабио Капело најави завршување на богатата тренерска кариера.

– Јас постигнав се што сакав. Италијанскиот национален тим? Веќе реков „Не”. Имав искуство во работата со националните тимови на Англија и Русија. Сакав повторно да работам со клуб. Џиангсу Сунин беше моето последно тренерско искуство. Многу сум среќен од моите постигнувања. Сега сум среќен што сум ТВ коментатор. Во оваа улога секогаш победувате, изјави Капело.

Неговата тренерската кариера почна во 1987 година. Работеше во Милан, Реал, Јувентус, Рома, Англија, Русија….

Освои 15 трофеи на клупско ниво вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.