Кантри ѕвездата Кери Андервуд бремена со второ дете
САД- Кантри ѕвездата Кери Андервуд (35) и нејзиниот сопруг Мајк Фишер (38) го очекуваат нивното второ дете. Двојката веќе го има синот Ајсак Мајкл (3).
Ѕвездата проговори колку мајчинството и го сменило животот.
-Додека не станав мајка, сѐе беше подредено на кариерата. Фала богу, професионалниот живот ми е исполнет и имам разбирање од сопругот. Тоа ми е најважно, и здравјето на моите најблиски, изјави Андервуд за „Пипл“.