Канскиот филмски фестивал забранува селфи на црвениот килим


Франција– Меѓународниот филмски фестивал во Кан најави дека на годинешниот фестивал ќе бидат забранети слики со мобилен телефон, и дека ќе има специјални проекции за новинарите.

Тиери Фремо, директорот на фестивалот,  објасни дека селфи фотографии ќе се забрани на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, поради тоа што го “ремети” протокол на доаѓањето на гостите.

Претседателот на  71-ви Филмски фестивал ќе биде австралиската актерка Кејт Бланшет. Канскиот филмски фестивал ќе трае од 8 до 19 мај.

Фремо соопшти дека наскоро ќе биде објавена листа на филмови, кандидатите за “Златната палма”, главната награда на фестивалот.

“Златна палма” минатата година ја освои шведскиот режисер Рубен Ослунд за филмот „The Square“.