Камерон Дијаз се повлекува од филмот
САД– Славната холивудска актерка Камерон Дијаз се повлекува од филмот.
„Толку од мене“, изјавила за медиумите Дијаз.
Дијаз глумеше во десетици филмови од нејзината прва голема улога во „Маската“, но се чини дека повеќе не сака да го гледа своето име на билбордите.
Самата 45-годишна глумица не го најави повлекувањето од Холивуд, но нејзината колешка од „Најслаткото нешто“, Селма Блер, алудираше на тоа.
На предзабавата на Оскарите, Блер изјави:
„Ручав со Камерон пред некој ден, си муабетевме за филмот. Јас би сакала да снимам продолжение, но Камерон се пензионира од глумата, таа рече ‘Толку од мене’. Мислам, не мора веќе да снима филмови, таа има прилично одличен живот, не знам што ќе треба да се направи за да ја вратиме.“
Продуцентите не можеа да се наситат од Дијаз во 90-тите и 2000-тите години, ја ставаа во блокбастер-филмови како „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Има нешто со Мери“, „Лош учител“, „Она што се случува во Вегас“ и франшизите „Шрек“ и „Чарлиевите ангели“.
Камерон минатата година откри дека еден од најголемите проблеми со глумата не ѝ се долгото работно време ниту лошите критики, туку постојаното патување.
Според Е! Њуз, таа на публиката на еден настан ѝ изјавила:
„Едноставно ми дојде: ‘Не можам ни самата на себе да си кажам која сум’, со што човек тешко се соочува. Почувствував потреба да станам целовита личност.“