Каменувана куќата на хрватскиот ракометен голман Алиловиќ по поразот од Франција


Куќата на голманот на хрватската ракометна репрезентација Мирко Алиловиќ, била каменувана синоќа од непознати лица.

Инцидентот се случил на островот Раб, по поразот на Хрватска од Франција на Европското ракометно првенство.

Хрватските медиуми го обвинија Алиловиќ дека е еден од виновниците за поразот кој ја чинеше Хрватска пласман во полуфиналето на Првенството.