Како со Ана Винтур пиевме кафе во Белград


Како изгледа Винтур како шеф? Дали е строга? Дали вика? Зошто и се плашат? Дали е навистина ѓаволот кој носи Прада како во истоимениот филм со Мерил Стрип во главната улога?

Најмоќната жена во светот на модата, уредничката на американскиот “Вог” , лани го собра белградскиот џет-сет на ексклузивната премиера на документарецот “Првиот понеделник во мај” во хотелот “Москва”, веднаш по ревијата на македонскиот дизајнер Ненад Секирарски.

Како новинар од Македонија бев во малубројната публика која ја виде единствената премиера во југоисточна Европа, по онаа во Њујорк. И Винтур како шефица.

Документарецот за работењето на Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј “Метрополитен”, како и гала-вечерта што ја организира овој музеј секоја година, во голем дел $ е посветен на Винтур, која е советник на Ендру Болтон, кустос на Институтот за костимографија и, истовремено, го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди на црвениот килим.

Режисерот Ендру Роси, очигледно, е импресиониран со оваа легенда во модата, секој пат кога таа е во кадарот, тој ги фокусира камерите на неа за да ја долови секоја нејзина експресија.

“Модата е еден вид театар”, вели Винтур во филмот.

Во “Првиот понеделник во мај”, таа како често да е во улогата слична на нејзиното алтер его во филмот “Ѓаволот носи Прада”, со огромните дизајнерски очила за сонце и нон-стоп е со кафе од “Старбакс”. Роси, сепак, навлегува подлабоко и бара од Винтур да зборува за својата застрашувачка репутација.

“Важно е што правите со стереотипите”, вели Винтур, која, очигледно, не е загрижена за прекарот Нуклеарната Винтур.

Винтур, се изненадив, не им вика додека се договара со соработниците. Многу е смирена и културна. Не знам дали е во реалноста таква или само за документарецот.

Импонира нејзиното искуство кога го прави распоредот на гостите на масите кои се дружат по парадата на црвениот килим.

Сите обожаватели на модата знаат дека секој прв понеделник во мај е најголемиот ден во годината или како што го нарече поранешниот главен уредник на списанието “Вог”, Андре Леон Тели, во новиот документарец – Супербоул за модата.

Филмот започнува со забавени снимки од ѕвездите Џесика Честејн, Џенифер Лоренс и Леди Гага, кои позираат на црвениот килим, облечени во креации од високата мода и со светкав накит. Оттаму, режисерот хронолошки ги претставува работата што создава гламур и амбициозната изложба “Кина: под лупа”, но и дел од случувањата меѓу елитата. Џорџ и Амал Клуни имаат интимна прегратка, Леди Гага се шегува дека $ треба доза од виното “пино гри”, додека Џенифер Лоренс изгледа како навистина да $ е здодевно.

Л. Сабит