Историски момент: Бијонсе и Ријана на насловниците на „Вог“


САД, Англија– Поп-ѕвездата Бијонсе ја краси насловницата на септемврискиот американски „Вог“ , најважното издание во светот на модата. Поп-ѕвездата Ријана, пак ја краси насловницата на британскиот „Вог“. И двете прават историски преседан со насловниците.

Уредничката Ана Винтур и дозволи на Бијонсе да избере фотограф- таа за прва пат во 126 години постоење на „Вог“ избра црномурест фотограф, а Ријана е прва црномуреста ѕвезда што позира за наслаовницата на британски вог, во 102-годишната историја.

Фотографирана од Ник Најт, популарната поп пејачка за насловната страница има тенки веѓи и носи фустан и ракавици од Прада, а боди од Фенди.

Едиторијалот пак, е проследен со интервју, во кое, меѓу другото, Ријана истакнува дека е задоволна од своите женствени облини кои ги добила во последно време поради мало зголемување на телесната тежина.