Изложба и работилница во чест на 8. Март


Во чест на 8. Март, Меѓународниот ден на жената, во четврток, со почеток во 12 часот, НУ Музеј на македонската борба организира изложба и хуманитарна работилница на тема Жената борец за слобода и македонска државност.
На традиционалниот настан во организација на едукаторите Ана Вишинова и Даниела Митевска, ќе се обрати и директорката на музејот Даниела Николова, а покрај изложените експонати за жените борци од македонската историја, ќе бидат презентирани и Праисториските дами од Македонија од Ирена Колиштрковска-Настева (Археолошки музеј на Македонија).

Во рамки на свеченоста, ќе настапи Ансамблот Македонија, додека хуманитарната работилница ја реализираме во соработка со Здружението на инвалиди „Мобилност“ од Скопје.