Изложба за Опра во „Смитсонијан“


САД – Влијанието на Опра Винфри врз американската култура ќе биде почестено со изложба во националниот музеј „Смитсонијан“ за афроамериканска историја и култура.

На изложбата „Гледајќи ја Опра: Шоуто на Опра Винфри и американската култура“, која ќе се отвори утре и ќе трае до јуни 2019 година, ќе бидат прикажани видеоклипови, сегменти од интервјуа, филмски костими и лични фотографии и дневници во кои може да се истражи што влијаело врз Винфри и како нејзината работа ја оформи Америка, пишува „Вашингтон пост“.

„Она што е интересно е дека мислењето што Американците го имаат за Волтер Кронкајт – може да му верувате на Волтер Кронкајт и неговото мислење – така тие ѝ веруваат на Опра“, изјави директорот на музејот Лони Г. „Опра стана личност на која Америка може да ѝ се обрати“.

Винфри (64) е најголемиот донатор на музејот, која низ годините донирала 21 милион долари, но Банч јасно стави до знаење дека нејзините донации не влијаеле врз изложбата.
„Ние се осигуравме дека има светла линија, дека ова го направи музејот и музејските научници“, рече тој. „Донациите не беа собрани преку луѓето на Опра“.

Изложбата опфаќа различни фази од животот на Винфри вклучувајќи го и нејзиниот активизам во движењето за граѓански права.

„Граѓанските права, движењето за женски права, медиумскиот и телевизискиот свет, таа се наоѓа на овој посебен пресек од сите овие динамични моменти“, рече Комбс. „Таа стана една од луѓето во првите редови за справување со идеи, за дискутирање жешки теми, како што се расизмот и сексуалната ориентација“.

Средниот дел ќе се фокусира на ТВ-емисијата на Опра Винфри, која беше ток-шоу со највисок рејтинг и траеше 25 години.

„Таа ја користи телевизијата како социјален медиум, започнува разговори и ги создава овие интерактивни искуства со луѓето“, рече Кендрик. „Таа нуди лекции за живеење, некаков тип социјални насоки“.

Третиот дел ќе ја испита улогата на Опра како некој што влијае на културата.