Идната година: „Спајс грлс“ на турнеја без Викторија Бекам


Англија- „Спајс грлс“  потврдија дека повторно ќе се обединат за турнеја низ Велика Британија следното лето. Сепак, на шестте концерти кои ќе ги одржат ќе настапат како четворка, бидејќи Викторија Бекам го задржа својот став дека не сака повторно да запее.

Мел Би, Ема Бантон, Гери Хорнер и Мел Си на нивните Твитер и Фејсбук профили објавија дека долгоочекуваната турнеја сепак ќе се одржи, а првиот концерт е закажан за 1 јуни во Манчестер.

-Многу сме возбудени што повторно се собираме за турнеја. Враќањето на нашите пораки за женската сила, пријателство и љубов назад на сцената е најважна од сè. Се надеваме дека ќе ни се придружите на големата забава на групата”, порачаа тие.

Викторија Бекам објави фотографија од четирите дами истакнувајќи дека ги поддржува и дека тоа што била дел од оваа група беше од голема важност за неа.