„Игра на Троновите“ со 22 номинации за Еми наградите


САД– Со вкупно 22 номинации, серијата „Игра на троновите“ води во трката за годинешните Еми награди, кои се доделуваат за најдобрите производи во американската телевизиска индустрија.Седмата сезона на серијата, е номинирана во категориите за најдобра драма, како и во трка за актерските награди со номинации за Питер Динклиџ, Лина Хедли, Диана Риг и Николај Костер-Волдо.

Зад „Игра на троновите“ следуваат другата популарна драма на ХБО, „Вестворлд“, како и комичното шоу „Saturday Night Live“ кои имаат по 21 номинација. Дистописката „Приказна на робинката“ освои 20 номинации за втората сезона од серијата.

Сепак, најголем победник е стриминг сервисот „Нетфликс“ кои имаат најмногу номинации за своите телевизиски производи – вкупно 112. Тие се подобри од ХБО, кои имаат 108 номинации, додека далеку на третото место е НБЦ со 78 номинации. Ова е прв пат по 18 години кога листата на номинации не ја предводи кабелска мрежа.

Покрај „Игра на Троновите“ (Game of Thrones), „Приказна на робинката“ (The Handmaid’s Tale) и „Вестворлд“ (Westworld), за најдобра серија – драма се номинирани и „Американците“ (The Americans), „Круната“ (The Crown), „Чудни нешта“ (Stranger Things) и „Ова сме ние“ (This Is Us).

За најдобар актер во драма серија номинирани се: Стерлинг К Браун и Мино Вентимила од „Ова сме ние“, Ед Херис и Џефри Рајт од „Вестворлд“, Метју Рис од „Американците“ и Џејсот Бејтмен за „Озарк“.

За најдобра актерка во драма серија номинирани се: Клер Фој од „Кралицата“, Татјана Малсани од „Орфан Блек“, Елизабет Мос од „Приказна на робинката“, Еван Рејчел Вуд од „Вестворлд“, Кери Расел од „Американците“ и Сандра О од „Убивајќи ја Ив“.