Иванка Трамп во модерен црвен костум


САД-Иванка Трамп (36) го придружуваше својот татко Доналд Трамп на официјална посета на Тампа, Флорида.

По тој повод, 36-годишната „прва ќерка на САД“ избра женски костум во моќна црвена боја. Својот моден избор, Иванка го надополни со црвени салонки. Шармантната дама , виисока 180 см чекореше со својот брат Ерик и Бетси Девос, министерката за образование на САД.

Иванка претходно беше во фокусот на јавноста по одлуката да го изгаси својот контраверзен моден бренд, по една година дистанцирање од компанијата.

-Кога го стартував брендот не очекувавме толку успех. Брендот бара посветување а јас по 17 месеци во Вашингтон не можам тоа да го остварувам а да не чувствувам одговорност кон клиентите и партнерите. Затоа во договор со моите бизнис соработници одлучив да го згаснам брендот, изјави најстарата ќерка на Трамп.

Откако Иванка стана асистентка во Белата куќа, нејзиниот бренд постојано беше под напади од јавноста затоа што ја злоупотребувала својата положба и ги рекламирала модните парчиња „Иванка Трамп“ како подвижен билборд, носејќи ги  на настани и промовирајќи ги на социјалните мрежи.

Трамп е девет години во брак со Џаред Кушнер и имаат три деца.