И Додик ќе гласа на локалните избори во Белград
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ќе гласа на локалните избори во Белград денеска.
На официјалната веб-страница на кабинетот на претседателот на РС е објавено дека Додик ќе гласа во 10 часот на гласачкото место во Општина Савски Венац.
Додик има двојно државјанство, босанско и Српско, и како што претходно потврди, тој во Белград има вила на Дедиње, која е издадена на Амбасадата на Израел во Белград.
Некои медиуми неодамна објавија дека израелската амбасада го откажала закупот на вилата.
Обвинителството на БиХ претходно спроведе истрага за тоа како Додик купил вила во Белград.
Претседателот на Република Српска претходно тврдеше дека пред војната имал седум стана во Белград, кои ги продал во меѓувреме.
Во јуни минатата година, Додик рече дека од продажбата на неговите два преостанати стана во Белград заработил 200.000 евра, кои претходно внел од Србија во БиХ.