И Бугарија го одобри договорот со Македонија


Прламентот на Бугарија едногласно го ратификуваше договорот за добрососедски односи со Македонија. На одобрувањето на договорот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев. Договорот најпрво го подржаа 182 пратеници, а на второто гласање бројката нарасна до 186. Договорот за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на први август лани. Нашето Собрание го прифати пред три дена.