Зоолошка доби беби-соблекувална
Зоолошката градина во Скопје доби нови тоалети.
„Тоалетите се поставени на две локации и покрај стандардните, има и тоалет за лица со посебни потреби, како и просторија за пресоблекување на бебиња“, соопштија од Зоолошката градина.
Почнато е и поставувањето на нови едукативни табли пред секое живеалиште, со најинтересните информации за секое животно, а в сабота ќе се отвори и живеалиштето за двете слоници Дуња и Даела.