Западен Балкан се обврза во Женева да соработува и да го подготови регионот за иднината


Лидери од Западен Балкан се обврзаа да ги зајакнат економските и општествените врски и да го подготват регионот за иднината, се наведува во соопштение по собирот „Дијалог за Западен Балкан“, што Светскиот економски форум го подготви во Женева.

На форумот учествуваа премиери или министри од Албанија, Црна Гора и Србија, како и од Хрватска, Словачка, Словенија, Бугарија, Турција, Германија, Швајцарија и од Косово.

Тие разговараа како да се продлабочи интеграцијата и економската соработка со практични мерки за подоготвка на регионот за „Четвртата индустриска револуција“, за поттик на економска конкурентност и „развој на нови генерации лидери“.

Лидерите утврдија мерки за јакнење на дијалогот и соработката, поттик за трговијата и соработка на јавниот и приватниот сектор.

Во соопштението се наведува и за формирање „Центар за четврта индустриска револуција“, за да му се помогне на Западниот Балкан за нови технологии. Најавено беше и организирање регионален самит ЈИЕ2019 на кој би учествувале сите релевантни лидери од регионот и Европа.з