Завршните зборови за случајот „Карев“ во гевгелискиот суд на 29 мај


Денешното четврто судско рочиште за обвинетиот член на политичката партија „Левица“ Константин Карев, во Основниот суд во Гевгелија не донесе ништо конкретно околу евентуална разврска на случајот во кој обвинетиот за време на ланските локални избори фотографирал полицајка додека била на должност на избирачко место.

Денеска по предлог на Обвинителството, судот сослуша еден колега на оштетената полицајка кој во моментот на дејството бил во близина на настанот, но, не бил на работна должност. Покрај ова судот го одби предлогот на одбраната за реконструкција на случајот заради утврдување на материјалните докази.

Случајот на Карев најверојатно конечниот епилог ќе го добие на 29 мај за кога судијката закажа рочиште на кое ќе бидат кажани завршните зборови од обвинителството и одбраната.