За 8 Март: Инспиративни жени добија свои барбики
САД– Барбиките отсекогаш биле симбол на убавина и мода, но компанијата „Барби“ реши за Меѓународниот ден на жените да пушти во продажба серија на кукли на инспиративни жени. За тие потреби, компанијата анкетирала 8.000 мајки.
Куклите направени според инспиративните жени вклучуваат и едукативни информации за начинот на кој секоја жена го сменила општеството. Серијата кукли се состои од историски и современи женски фигури. Амелија Ерхарт, првата жена која го прелетала Атлантскиот Океан и Фрида Кало, славната мексиканска уметница и активистка, се дел од нив.
Компанијата исто така ја дополнила програмата позната како „Shero“ која првпат се појави во 2015 година. Оваа иницијатива им оддаде чест на жените кои ја сменија историјата, како што се Ибтихаџ Мухамен, Мисти Коупленд, Ава Дувернеј, Ева Чен и Ешли Греам. Сега, серијата вклучи уште такви инспиративни современи фигури: сноубордерката Клое Ким која освои злато на Олимписките игри, светски познатата готвачка Елен Дароз и други. Погледнете ги досегашните барбики направени според некои од најинспиративните жени во светот…