Жена се обеси на дрво во Карпош


Грозоморен настан ги потресе жителите на Скопје. Триесет и седумгодишна жена си го одзеде животот со бесење на дрво во парк во населбата Карпош. Трагедијата се случи во неделата околу 19.25 часот на улицата „Никола Русински“, потврди полицијата. По извршениот увид, телото е предадено за обдукција.