Жена претепана од сопругот пред нивниот син
Педесет и седумгодишен маж од село Бујковци, скопско, со тупаници ја претепал сопругата. Сведок на настанот бил нивниот син.
Како што соопшти МВР, вчера во три часот по полноќ В.М. (48) пријавила дека во семејната куќа во Бујковци била физички и психички малтретирана од нејзиниот сопруг В.М. (57), кој што неколку пати ја удрил со раце во пределот на телото и ја навредувал. За време на малтретирањето бил присутен и нивниот син Н.М. (22).
Сопругот, насилник, бил приведен, а по целосно документирање на случајот, од МВР велат дека против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.