Ешли Џад го тужи Вајнстин за уништување на кариерата
САД– Актерката Ешли Џад поднесе тужба до Високиот суд во Лос Анџелес против продуцентот Харви Вајнстин заради уништување на кариерата откако ги одбила неговите сексуални предлози.
Џад тврди дека Вајнстин го унишил нејзиниот углед пред режисерот Питер Џексон на кој му забранил да ја ангажира за филмскиот серијал “The Lord of the Rings.”
Џад уште во 2015 година за „Варајети“ откри дека била сексуално вознемирувана од неименуван могул на филмско студио. Подоцна го идентификува во „Њујорк тајмс“. Според неа, ја поканил во хотелската соба и барал да го гледа додека се тушира.
Минатата зима, Џексон во интервју откри дека „Мирамакс“ го предупредил да не ги ангажира Мира Сорвино и Ешли Џад за “The Lord of the Rings.” Подоцна Вајнстин негираше дека имал влијание врз кастингот на филмот.