ЕУ издвои уште 180 милиони евра за бегалците во Грција
Европската комисија денеска соопшти дека ќе издвои уште 180 милиони евра за проекти за помош на бегалците во Грција.
Средставта ќе бидат наменети за сместување на бегалците и за задоволување на нивни лични потреби,
Со финансиска помош од ЕУ досега е обезбедено сместување на 41.000 бегалци, а вкупната сума што Атина ја доби од Унијата за реализација на проекти поврзани со мигрантите достигна околу 1,5 милијарди евра.
– Средставта наменети за бегалците помагаат за нивно достоинствено сместување, го зголемуваат нивниот избор и придонесуваат за поттик на локалната економија, се наведува во соопштението на Европската комисија.
Средствата издвоени денеска за Грција се од буџетот на механизмот за вонредни состојби.