ЕП ракомет 2018: Шведска преку Данска до место во финалето


Ракометарите на Шведска се изборија за настап во финалето на Европското првенство во Хрватска.

Швеѓаните во неизвесен меч од полуфиналето, во кој беа одиграни и дополнително десет минути го совладаа олимпискиот шампион Данска со 35-34 и се пласираа во големото финале.

Иако во најголемиот дел од средбата „Викинзите“ имаа предност и го контролираа резултатот, сепак Данците благодарение на голот на Ласе Сван во последната секунда од регуларниот дел стигнаа до израмнување 28-28, а со тоа и до продолженија.

Но, и во нив „Викинзите“ беа подобри, пред се благодарение на голманот Андреас Паличка кој средбата ја заврши со 20 одбрани, како и Матиас Захрисон кој беше најефикасен во осум постигнати гола, Шведска заслужено славеше со 35-34.

Противник на Шведска во финалето ќе биде селекцијата Шпанија која во првиот полуфинален меч го совлада светскиот првак Франција со 27-23

Денеска е слободен ден на шампионатот, а утре најнапред од 18 часот во дуел за третото место ќе играат Шведска – Данска и Франција – Шпанија, додека финалето меѓу Шведска – Данска и Франција – Шпанија ќе започне од 20 часот и 30 минути.