Енрике го одбил ПСЖ поради Челзи
Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, најверојатно ќе го предводи Челзи, објави „Ле Паризиен“.
47-годишниот шпански специјалист веќе ја одби понудата на францускиот фудбалски гигант и посетува курсеви по англиски јазик.
Се претпоставува дека Челзи му го гарантира на Енрике потребниот буџет за летните трансфери.
Енрике е без ангажман од мај мината година кога си замина од Барселона.