Едно лица загина во сообраќајка во Скопје


Едно лице загина, а седум беа потешко повредени во шест од вкупно 38 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 15 незгоди со полесни повреди се здобиле 20 лица, а во 16 била причинета само материјална штета.

Од МВР информираат дека во изминатите три дена сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци меѓу кои 95 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач што не дал првенство на минување и тројца за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени 31 лице, од кои 10 возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол и 20 возачи со истечена важност на сообраќајната дозвола, како и 21 лице што возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило. Санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 169 непрописно паркирани возила, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 152 возила.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ООУ „Стив Наумов“.