Европската „бајка“ на Динамо Загреб продолжува
Динамо Загреб со предност ќе го очекува реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на Европа против португалска Бенфика, откако вечерва славеше 1-0 во првиот меч на „Максимир“.
Единствениот гол во Загреб го постигна Петковиќ од пенал во 38 минута.
Рен го изненади Арсенал и славеше победа со 3-1, Севиља и Славиа Прага одиграа нерешено 2-2, Виљареал победи на гости кај Зенит со 3-1 и има најубедлива предност, немаше голови во Франкфурт, Антрахт – Интер 0-0.