Дуа Липа ќе вози само јагуар


Англија– Поп-ѕвездата Дуа Липа (23) во блескав аутфит од италијанската дизајнерка Алберта Ферети позираше пред фоторепортерите, како и со новиот електричен автомобил I-PACE на британската компанија за производство на возила „Јагуар“.

На свеченоста присуствуваше и славната манекенка Дуцен Крус.

Дуа Липа настапи со специјален ремикс на песната „Want To“ кој го создаде во соработка со компанијата.. Секој фан ќе може да си направи сопствен ремикс од песната, користејќи специјален софтвер создаден од автомобилската компанија.

На сцената, таа носеше креации од модната куќа „Балмен“.