Диџеј Роџер Санчез на „Охрид колинг 2018“


Легендата на хаус-музиката Роџер Санчез се приклучува кон останатите ѕвезди на „Охрид колинг“ на 2 август, на Илинден, со доцен диџеј сет. Dimitri Vegas & Like Mike се на 1 август и Armin Van Buuren на 4 август, а истата вечер со Санчез е и Јax Јones.

Билетите може да се купат преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и во „Југотон“ по следниве цени: партер 700 денари и фан-пит 1.000 денари. Сите што досега имаат набавено блок-влезници за настапите на Dimitri Vegas & Like Mike и Armin Van Buuren со доплата од 500 денари ќе може да присуствуваат за сите три дена на Ohrid Calling.