Дизни го купи Фокс за 71 милијарда долари и стана империја
САД– Продажбата на имотот на „21 Сенчури фокс“ за 71 милијарда долари е комплетирана.
„Дизни беше само голема ѕверка“, забележа Њујорк тајмс.
Компанијата сега стана нешто поголемо, Голијат меѓу Давидите, благодарение на купувањето на имотот на „21 Сенчури фокс“ за 71,3 милијарди долари, што го претвори Дизни во забавна компанија со невидена големина.
Волстрит џурнал објави дека заедничкиот пазарен удел на киноблагајните на Дизни / Фокс во 2018 година изнесувал 35%.
Сега под еден чадор (освен тематските паркови) се и: ЕСПН и студијата како Марвел, Пиксар и Лукасфилм; плус додавањето на студиото на 20 Сенчури фокс (кое поседува сè од франшизите Икс мен, Осми патник и Симпсонови до Ова сме ние и Модерно семејство); Блу скај, студиото за анимација зад Ледена доба; кабелските мрежи Нешенл џиографик и Еф икс; и делот од 30 отсто на Фокс од Хулу, со што Дизни контролира 60 отсто од акциите, објави НПР.
Новоформираната Фокс корпорејшн ќе ги опфати Фокс њуз, Фокс броудкаст нетворк, локалните Фокс станици и спортскиот канал ФС1. Блумберг објави дека делот на Мурдок од договорот е 12 милијарди долари, но тие пари ќе им бидат исплатени на неговите шест деца, кои ќе станат милијардери.
Зделката му го носи на Дизни Фокс срчлајт, кој ги има победниците за најдобар филм како „12 години роб“ и „Обликот на водата“. Дизни никогаш нема освоено Оскар за најдобар филм; тоа конечно може да се промени.